1
Министерот за правда Игор Филков упати сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова, која беше смртно прегазена завчера на булеварот „Партизански одреди“.
„Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре“, вели министерот.
Oд обвинителството вчера соопштија дека 20-годишникот кој го управувал возилото на неговиот татко, немал возачка дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено светло додека девојчето поминувало улица на обележан пешачки премин.
За денес во 13 часот најавен е протест на местото на кое почина девојката.