3
„Институтот помилување е многу битна работа во државата. Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневнополитички игри и препукувања, а нас тоа ни се случува. Еднаш веќе осудени лица треба да ги пратиме на ресоцијализација. Не можеме повторно да ги судиме во јавноста“.
Ова денеска во Струга го изјави министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарски прашања во врска со помилувањето затвореници.
Тој рече дека Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа, како што рече, таа препорака оди кај Претседателката, односно кај Комисијата.
Како министер за правда забележа дека е потребно освежување на Комисијата која носи одлуки за помилување.