Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела Агелер на која се разговараше за спроведување на реформските заложби, засилување на борбата против криминалот и корупијата, состојбите во правосудството, затворите како и обезбедување на услови за непречено спроведување на предвидените активности.
Амбасадорката Агелер му посака успешна работа на Филков и очекува реализација на реформската законодавна агенда.
Министерот за правда Игор Филков порача дека промени мора да се испорачаат брзо затоа што граѓаните бараат резултати. САД се наш најголем стратешки партнер и силен сојузник за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската унија.
На средбата беше потврдена заложбата и посветеноста за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји како и продолжување на досегашната соработка.