Филиповски до Муцунски: Осум години сте на државна цицка

by fokus

Жестока дебата водат кандидатите за градоначалници на Аеродром, Тимчо Муцунски и Александар Филиповски на телвизија Канал 5. Во еден момент Муцунски го обвини Филиповски дека неговата фирма, откако СДСМ е на власт, добила 15 милиони евра државни пари.

Филиповски одговори дека тоа не е точно:

-Вие осум години сте на државна цицка и со ништо не придонесувате. Нашата фирма обезбедува храна за 100 семејства. Таа е успешна фирма со години. Работи повеќе од 30 години, рече Филиповски.

Поврзани новости