997
Владата на денешната 40.седница го разреши Стево Крстевски од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, која е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет.
Од владината служба за информирање соопштија дека за в.д. претседател на Инспекцискиот совет на денешната седница Владата ја именуваше Даниела Рендевска.