Филипинскиот претседател планира апсење на невакцинирани

by Fokus

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома, откако во државата е потврден најголем број новозаразени во измминатите три месеци.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Дутерте рече дека ќе побара од водачите на заедницата да бараат невакцинирани луѓе и да се погрижат да не ги напуштаат своите домови.

– Ако ја напушти куќата и се движи низ заедницата, дозволено е да биде запрен. Ако се спротиставува, капетанот сега е овластен да апси непослушни лица, рече Дутерте.

Дневните инфекции со коронавирус на Филипините се највисоки од 26 септември со 17.220 нови случаи вчера, соопшти Министерството за здравство, вклучително и оние предизвикани од сојот омикрон. Новите случаи се трипати повеќе од вторникот, и вкупниот број на инфекции е над 2,88 милиони и има повеќе од 51.700 смртни случаи, втор најголем број заразени и починати со Ковид-19 во Југоисточна Азија по Индонезија.

-Јас сум одговорен за безбедноста и благосостојбата на секој Филипинец, наглчаси Дутерте.

Поврзани новости