Филипче: Жените во Општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог

by Fokus

Жените во општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог. Министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретна со гинекологот д-р Божидар Бошковски. Тие дискутираа за отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга, соопшти Министерството за здравство.

Локацијата за ординацијата, како што се посочува, е најдена, а на средбата беше договорено ресорното министерство да ја опреми ординацијата.

– Сите жени од Шуто Оризари сега ќе имаат гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје. Д-р Бошковски е искусен гинеколог кој ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот со недостатокот на гинеколог во Шуто Оризари го решивме. Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти, потенцираше министерот Филипче.

Поврзани новости