588
Министерот Венко Филипче денеска истакна дека е посебно горд на тимскиот дух кој довел до успешно завршување на многу проекти во здравствениот сектор.
„Горд сум на сите процеси кои се одвиваа инклузивно, навистина сум горд на големата помош на премиерот Заев што интервениравме за да се зголемат примањата на здравствените работници. Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Посебно сум горд сум на тимскиот дух. Најмногу жалам што воопшто не започна проектот за нов Клинички центар“, истакна тој.