Засега нема потреба од воведување нови мерки, но на почетокот од следната недела ќе се донесе и дефинитивен став по тоа прашање, рече министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање. Како што кажа тој, се следат бројките на новозаболени и засега болничките капацитети имаат слободни болнички места.
-Во случај на потреба не се исклучува воведувањето на нови мерки на целата држава, нагласи министерот Филипче.
По растот на бројот на новозаразени последниве денови, дури две општини, Неготино и Гевгелија побараа воведување полициски час на нивната териториија за да се стави вируот под контрола, но Филипче, вели дека за тоа засега нема потреба.
– Доколку се одлучи дека тоа може да има некаков ефект тогаш да, но засега во ниеден град нема потреба од полициски час – рече Филипче, при денешната посета на почеток на градежните работи на поликлиника во Општина Сарај.
Тој појасни дека во овој момент болничките капацитети не се загорзени. Место има, а се следи дали ќе продолжи трендот на раст.
– Но, на почетокот на следната недела ќе го кажеме ставот во однос на нови рестриктивни мерки – нагласи Филипче, кога треба да се состане Комисијата за заштита од заразни болести.
– Тоа што го анализиравме во претходните денови беше анализа по градови, како и генотипот на вирусот, и да, зголемениот број новозаразени се должи на британскиот вирус над 70 отсто. Зголемена инциденца има во Скопје, Охрди, Прилеп, Кавадарци – рече Филипче.
Околу вакцините, министерот појасни дека од руската компанија ги добиле сите дозволи, а следната недeлa ќе има и дозвола за вакцините.
– Многу веројатно дека во среда ќе започне вакцинацијата, а утре на аеродромот треба да пристигне првата пратка – рече Филипче.
Од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози, а една одредена количина може да дојде наскоро, но не се знае кога точно. Од „спутник V“ се очекуваат 200.000 дози, со оние од „АстраЗенека“ вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во Македонија.
Модуларната болница кај Инфективната клиника е ставена во функција од денеска, со кадар како што беше по системот претходно, но се уште нема потреба да се сместуваат пациенти во неа, појасни Филипче. Бидејќи модуларната болница се става во функција, вакцинацијата на здравствениот кадар што досега се одвиваше таму, ќе се префрли во вакциналните пункови во здравствените домови.