Филипче: Засега не сме разговарале за организирање на избори

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека засега не се размислува за организирање на настани, како што се изборите.

Тој одговори на новинарско прашање дали има услови за евентуално одржување на парламентарните избори кои требаше да се случат на 12 парил, но беа одложени поради кризата со корона вирусот.

Филипче тврди дека ситуацијата засега не е променета од онаа кога беше прогласена пандемијата.

-Во моментов сме фокусирани на борбата со епидемијата, за тоа како сметаме дека се движи кривата и се уште сме во фаза кога сите болнички капацитети и на матичните лекари се во приправност и во таа смисла е и одложувањето на хроничните случаи. Во овие мементи ситуацијата е иста со наредба за мобилизација и се уште го следиме бројот на случаите. Мислам дека се одлични резултатите. Во овој момент не се размислува за друго олабавување на мерките и со тоа за организација на друг настан како што се изборите, рече Филипче.

Поврзани новости