762
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција во однос на тоа дали ќе поднесе оставка поради вчерашната трагедија во Тетово рече дека одлуката ќе донесе откако ќе заврши истрагата.
-Дозволете да кажам дека од одговорност не бегам, но инсистирам на тоа да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџирање на кризата. Апсолутно после завршување на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина е тешко да се опише со зборови тежината која ја чувствувам, рече Филипче.