Филипче: Заразените кои биле вакцинирани се со лесна клиничка слика

by fokus

Граѓаните кои се заразени со Ковид-19, иако биле вакцинирани, се во многу мал број и тие се со лесна клиничка слика, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани. Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600.000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани и во другите земји заболуваат меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по свеченоста по повод Денот на Армијата.

Тој повтори дека вакцинираните граѓани се заштитени од тешко заболување и од смртен исход за разлика од оние граѓани што немаат прележано ковид и не се вакцинирани.

Тој соопшти дека денеска се потврдени околу 1 000 нови случаи на ковид-19 и дека е ставена во функција и модуларната болница во рамки на Инфективната клиника, со дополнителен кадар од другите клиники. Од вчера во функција е ставено и инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“, а болницата во Козле е подготвена за прием на пациенти.

Поврзани новости