Филипче: Загадувањето го шири вирусот, во таа насока е и мерката за маски на отворено

by fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност најави дека до крајот на годинава ќе се организира дебата за аерозагадувањето, во присуство на сите членови на Советот за безбедност, плус други лица надвор од постојаниот состав, бидјеќи е неспорна релацијата, како што рече, меѓу аерозагадувањето и пандемијата.

– Ќе видиме што во тој момент можеме, некакви пофокусирани мерки и активности од страна на Владата да се адресира посебно тоа прашање, изјави Пендаровски.

Во однос на аерозагадувањето, министерот за здравство Венко Филипче потврди дека загадувањето овозможуваат поголемо ширење на Ковид-19.

–Точно е дека има публикации кои укажуваат на тоа дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа смисла е препораката донесена вчера со измената на Законот за задолжително носење маски на отворено, насекаде, прво заради тоа што е битно секој да го штити своето здравјето, да се штити од настинки, заради тоа ни се многу битни болничките капацитети, изјави меѓу другото министерот Филипче.

Поврзани новости