811
Интересот за вакцинација во Македонија расте се повеќе, а задоволството од таквиот податок не го крие и министерот за здравство, Венко Филипче.
„Само во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk a бројот на заинтересирани надмина 400.000. Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата“, напиша Филипче.