Новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче тврди дека неговата работа е чесна и тој е мирен и не стравува за ништо во однос на пораките „ќе си лежите“ кои се упатуваат и до него.
Во однос на случајот „Онкологија“ тој порача дека треба целосно да се расчисти и дека анкетната комисија во Собрание целосно го политизирала случајот и го прогласила него за одговорен.
-Треба да има расчистување на случајот, многу наводи од некои новинарски текстови не се вистинити, а фрлија сериозна дамка на сите лекари од клиниката. Очекувам брза разврска, вели Филипче.
Тврди дека нема ниту бизниси, ниту пак вили на Халкидики. Фирмата во Бугарија којашто не му била пријавена била неактивна и заборавил да ја пријави. Планирал некаков проект во здравството преку нејзе, но плановите не се оствариле.