Филипче за католички Божиќ: Да ги негуваме вистинските вредности за солидарност, единство и почит како основа за заеднички успех

by Fokus

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов.

„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитката на Филипче.

 

Поврзани новости