636
Министерот за здравство, Венко Филипче за „Фокус“ потврди дека економскиот директор на ГАК, Ваљон Беља денеска е разрешен од својата функција.
-Директорот Беља е разрешен поради нарушени човечки односи, изјави министерот Филипче.
Беља вчера на Фејсбук ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија, за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови. Притоа тој и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.
Од друга страна, таа најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што истакна, изнесените невистини.
И.М.