Филипче: Во среда почнува вакцинацијата на здравствените работници

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче од ГП Табановце се заблагодари за помошта од Србија за вакцините.

Тој истакна дека од среда ќе се почне со вакцинација во Клиничкиот центар во модуларната болница.

-Ние сме подготвени да ги прифатиме вакцините. Тие се на пат да бидат сместени во фрижидерите. Вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници. Голема благодарност до Србија за солидарноста, рече тој.

Јорданчо Цветаноски

 

Поврзани новости