Филипче: ВМРО-ДПМНЕ организира протести, а не оди на избори наводно поради пандемијата

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва учестуваше на онлајн трибина на кандидатот за градоначалник на Штип, Сашко Николов. Тој се осврна на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ, за кое вели дека е апсурдно.

-ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно  нерационално и апсурдно. Организираат протести на кои не ги почитуваат мерките за заштита, а не одат на избори, наводно поради пандемијата. Што да се каже за луѓе на кои во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, ги оптеретува, со тоа се будат и заспиваат и свесни се дека прават нешто што не треба. Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една модуларна болница, кај Инфективната клиника, ќе имавме 16 опремени модуларни болници, сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти, рече Филипче.

Поврзани новости