943
Голема е веројатноста дека наредните летни месеци ќе бидат мирни, но мора да бидеме претпазливи, истакна денеска министерот Венко Филипче на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања од развојот на ситуацијата со корона вирусот.
„Може да се случи некоја мутација на вирусот. Никој не може да предвиде што ќе се случи во иднина и следиме каква е состојбата во регионот. Во наредните месеци верувам дека ќе имаме мирна состојба. Сепак, маската секогаш е тука“, рече Филипче.