551
По трагедијата во модуларната болница во Тетово, министерот за здравство Венко Филипче поднесе пишана оставка до премиерот Зоран Заев.
Првиот човек на Владата порача дека ќе почека да заврши истрагата, па потоа ќе одлучува за оставката на Филипче.
Министерот за здравство денеска порача дека не бега од одговорност за пожарот во кој загинаа 14 луѓе од тетовскиот регион.
„Не е точно дека бегам од одговорност за пожарот во Тетово. Системот е комплексен и состојбата мора да се менаџира“, истакна денеска кратко Филипче.