Филипче утре ќе се сретне со Здруженијата на пациенти за враќањето на работа на хронично болните

by fokus

Утре претпладне министерот за здравство Венко Филипче ќе се сретне со здруженијата на пациенти Борка, Живот со предизвици, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, Пеперутка и Алијанса на Пациентски Организации – АПО, соопштуваат од министерството за здравство.

Средбата следува по препораката на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а денеска оваа препорака на Комисијата ќе се разгледува на владина седница. По препораката, здруженијата изегоа со неколку барања, меѓу кои Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да објават листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од Ковид-19, дел од хронично болните кои се со најголем ризик на смртност од Ковид-19 да останат ослободени од работа, а враќањето на работа на хронично болните да се одвива според одредени критеритуми, бидејќи сите пациенти со хронични заболувања не се со висок ризик.

Пред два дена министерот Филипче го образложи предлогот на Комисијата согласно кој пациентите коишто имаат дијагноза хронична болест и оние коишто имаат малигни болести треба да се вратат на своите работни места. Тој рече дека ова нема да важи за оние пациенти кај коишто лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба на влошување во рамките на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман, а претставува и дополнителен ризик по здравјето на пациентот.

Поврзани новости