Со појавата на корона вирусот низ Македонија почнаа да се продаваат и тестови за корона вирус.
Министерот за здравство Венко Филипче апелираше – да не се купуваат тие тестови и граѓаните да се придржуваат кон препораките на надлежните органи.
„Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро. Луѓето се мирни, сфаќаат што се случува и покажуваат висок степен на дисциплина. Клиниката за психијатрија започнува со телефонска поддршка на граѓани и на родители на деца во предучилишна и училишна возраст.Ќе се ослободува и еден родител на дете со цистична фиброза. Јас се надевам дека нема да дојдеме до ниво да имаме многу пациенти на машина за дишење. Препораките се јасни – луѓето да седат дома, да не излегуваат без посебна потреба, но и да не се зодава гужва во маркетите“, истакна Филипче.
„Тестовите кои се продаваат не се точни. Доволно е граѓаните да покажат свесност и да пријават“, порача тој на прашање за продажбата на тестовите за корона вирусот.