Филипче: Свадби со музика, но со 6 гости на маса

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче одговорајќи на новинарско прашање околу свадбите, рече дека тие ќе може да се организираат со музика, но максималниот број на гости на една маса ќе биде 6 лица.

Прославите ќе може да се организираат на отворено со максимум 50 проценти исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.

Прашан за тоа од една страна дозволено да се прави свадба, а од друга страна на сила ќе биде полицискиот час, рече дека неоходно е и натаму таа мерка да опстојува во периодот после полноќ како што е сега.

Засега не се дозволува жива музика во рестораните и кафулињата.

 

Поврзани новости