Филипче: Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека трансплантацијата на срце од починат донор е завршена успешно.

-Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот. Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша Филипче на фејсбук.

Утрово министерот појасни дека на клиниките за кардиохиругија и урологија утрово започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

– По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 -тина години кои се на дијализа, напиша Филипче.

Поврзани новости