Филипче: Со приоритетен упат пациентот нема да чека, мора да биде прегледан во рок од 24 часа

by Fokus

Приоритетните упати создаваа голем хаос и поради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира, а таа се однесува на тоа дека повеќе нема да има општ приоритетен упат, туку ќе има приоритетен упат со точни дијагнози по области, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката за детски болести.

„Точно ќе се знае за каква дијагноза станува збор во соодветна област што навистина е итна, ќе се добие тој упат и тој пациент ќе мора да биде прегледан во рок од 24 часа таму каде што е упатен – истакна Филипче.

Поврзани новости