Ексминистерот за здравство Венко Филипче со поддршка за приватните специјализанти. Според него, тие го бараат само тоа што го заслужуваат.
„Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во барањата за покачување на примањата, согласно растот на платите. Тие го бараат само она што и го заслужуваат.
Обезбедувањето на плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите“ напиша Филипче на Фејсбук.
Филипче сподели и фотографија од операциона сала каде заедно со колешки на специјализација изведува операција.