550
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во функција ќе бидат ставени двете дополнителни лаборатории, едната во МАНУ, а другата на Институтот за судска медицина.
„На тој начин ќе се елеминира долгото чекање на резултатите. Добивме донација од 20.000 тестови. Во Дебар сите пациенти закрепнуваат, ги чекаме контролните тестови. Ќе направиме скининг на населението и да видиме како би изгледало тоа, за да може подоцна да се примени на ниво на држава. Се направи распоредот за делење на заштитните маски и тоа се 1 милион маски, кои ќе бидат распределени во сите институции – истакна Филипче.