Преносливоста на вирусот во изминатиот месец е многу мала, што е позитивен знак за состојбата во земјава, смета министерот за здравство, Венко Филипче.
R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси…
Publiée par Венко Филипче sur Mercredi 5 août 2020
„R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.
Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денес за периодот од 27 јули до 2 август 2020 година.
ИЈЗ известува дека во дадениот период направени се вкупно 9709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во периодот на известување благо намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни)“, додава тој.
Фото – Томислав Георгиев