509
Централизирана комисија што ќе работи на ревидирање на позитивната листа на лекови ќе одлучува според новиот закон што треба да помине пред пратениците, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
-Постигната е координација па и ќе се смени позитивната листа, што значи се намалува бројот на комисиите по препорака на Светската банка, по поминување на законот, ќе се направи ревизија, ослободување од стари и воведување на нови лекови. Во болничките услови веќе се купуваат лекови кои се нови токму поради одлуката за централизирана набавка на над 30 нови лекови.
Во октомви тој најави нова дискусија за развој на секторот за имплементирање ЈПП за брзата помош.