664
Откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го обвини министерот за здравство, Венко Филипче дека бил косопственик на парцели во аферата „Шпанско село 2“, Филипче ги отфрли тие обвинувања.
„Тоа се класични лажни вести и создавање на лажна слика за која не знаеме што зборуваме. Тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што немаат сериозни аргументи да дискутираат. Јас не очекувам ништо друго од нив освен лажни вести и обвинувања. Таква опција нема да се врати и смешни се обвинувањата“, истакна Филипче.