Северна Македонија влегува во шестиот месец од борбата со корона вирусот и бројот на заболени никако да падне под 100.
Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за Телма смета дека состојбата е стабилна.
„Ситуацијата во Ковид-19 е стабилна во однос на тоа што повеќе време наназад, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, a со широкиот пристап на тестирање се откриваат и голем број на асимптоматски носители на вирусот. Кадарот е добро организиран со системот на ротација, а болниците имаат сосема доволно капацитети со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти.
Се подготвуваме за есен со дополнителни инфективни одделенија во сите општи и клинички болници што сметам дека е модел којшто ќе даде одлични резултати, а со физичкото одделување на пациентите заболени од ковид, ниту една друга вообичаена работа нема да биде компромитирана“, истакна Филипче.