580
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешна прес конфереција даде свој став за недостатокот од медицински персонал во Македонија.
Како што вели тој, добар е тој ротациски систем во кој лекари од други градови одат да помогнат во други болници низ државава.
„Секаде во Европа недостасуваат анестезиолози, така и кај нас. Освен што се примија млади лекари сега ние треба да сме свесни дека потребно е долго време, да се упатат на специјализација. Тоа ќе одземе време. Дозволивме лекарите специјалисти да можат да ротираат и да дадат соодветна услуга“, истакна Филипче.