Филипче: Сè уште не сме го исполниле наследениот аманет до крај

by Fokus

Најголемиот и најсилниот камен темелник на нашата прва парламентарна држава е поставен од жртвите што ги даде слободарскиот Прилеп. Возвишено е чувството, денеска, на 11 октомври, да се биде овде“, се обрати на присутните потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој упати благодарност до потомците на народните херои, загинатите семејства и учесниците во Народноослободителната војна, до сите прилепчани, но и до цел македонски народ и порача дека нашата „мирновременска“ борба не е завршена и сè уште не сме го исполниле наследениот аманет до крај.

„Нѐ чека макотрпна работа. Не смееме да чекаме судбината да ни биде иднина, туку мораме храбро да продолжиме со уште поголем ентузијазам за да создадеме поквалитетен, послободен и побогат живот за идните генерации, да бидеме целосно интегрирани со Европа каде и цивилизациски и културно и географски припаѓаме. Не е точно дека ние само нешто бараме од Европа, ние имаме многу што да им понудиме на нашите сојузници“, истакна Филипче, напоменувајќи дека градењето на државноста треба да се продолжи преку изградба на повисок животен стандард, хуман простор за живеење, со чиста човечка околина, со современи училишта, модерна инфраструктура, профитабилни компании и технолошки напредно земјоделство.

 

Поврзани новости