Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги истакна предложените мерки на Комисијата за заразни болести.
Тој вели дека полицискиот час останува како дополнителна мерка со тоа што ќе ограничува дополнително групирање во одреден временски период.
-Состојбата во болниците е значително подобра, порача Филипче.
Вакцинацијата во Македонија продолжува со исто темпо, а следната недела се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 од Бугарија. Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини, па тој очекува вакцинацијата да продолжи со ова темпо, од околу 10.000 вакцинирани дневно.
-Во следниот период ќе се разгледува можноста за вакцинирање деца од 12 до 16 години, откако САД го дозволи тоа со „Фајзер“ вакцината, со цел учениците да се вратат во училиште од 1 септември, појасни тој