Филипче: СДСМ е против промена на државниот грб

by Fokus

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со медиумите.

Филипче ја повика власта да одговори дали во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се разговарало и за промена на државната химна.

– Конкретно, првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со ВЛЕН давајќи го овој предлог за измена на државниот грб можеби не се разговара во коалицијата и за измена на химната? Тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори, рече Филипче.

Тој посети дека и во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имало предлози на маса за менување на државниот грб во пакет со иницијативи за отворање на оф-шор зони.

Поврзани новости