Филипче: Ризикот да сме се заразиле во Куманово е многу мал, бидејќи сите носевме маски

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вечерашната прес конференција која беше негово прво соочување со новинарите откако замина во домашна изолација, рече дека ризикот да се заразени со корона вирус во Куманово е многу мал.

-Во текот на денот ја поставивме новата организација на начинот на комуникација. Како што соопштив, вакво сценарио предвидовме дека може да се случи. Имавме примери во повеќе земји каде фунционери беа заразени и го поминаа ова. Ние ова го предвидовме. Во било кој момент ќе бидам достапен за да одговорам на сите прашања. Ризикот за зараза во Куманово е многу мал, бидејќи сите носевме маски, но јас одлучив да работам од дома и да покажам пример дека ова е начинот на кој треба да се постапува, рече Филипче.

 

Поврзани новости