613
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција порача дека директорката на Клиниката за кожни болести ќе биде разрешена веднаш што се створат услови за такво нешто, откако се потврди дека таа е позитивна на корона вирусот.
„Ова што се соочивме денеска многу не разочара. Ќе се преземат мерки за директорката и таа ќе биде разрешена веднаш штом се создадат услови за такво нешто. Одговорност ќе има за секој кој нема да се придржува за препишаните мерки. Таа држела предавање на 103 лица, дел од нив се вработени во клиника. Сите се исконтактирани и кај сите е дадена мерка на домашна изолација. Имало и тројца доктори од Грција, а за тоа го известив и грчкиот министер за здравство“, истакна Филипче.