Филипче разочаран од вчерашниот протест

by Fokus

Вчера пред Собранието се одржа протест против вакцинацијата во Македонија, каде паднаа низа навреди за надлежните, но и за докторите кои година и пол се борат против корона вирусот.

Запрашан за коментар за протестот, Филипче истакна дека е разочаран, бидејќи само навреди се слушале на вчерашниот собир.

„Никој не се присилува на вакцинација. Јасно е дека вакцините се безбедни. Разочаран сум од протестот. Не слушнавме реторика и препорака во однос на вакцините. Тоа беше протест со навреди кон здравствените работници. Ќе побарам осуда за тоа вчера што се случи“, рече Филипче.

Поврзани новости