Министерот за здравство Венко Филипче, утрово заедно со членови на дипломатскиот кор во Македонија, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН, ги пречека првите вакцини, 24.000 дози од АстраЗенека.
-Денеска стигнаа првите дози на вакцини преку Ковакс системот. Ковакс систем е систем кој што уште летото минатата година се разви и во чие инвестирање учествуваа многу земји од светот, СЗО, Глобалната алијзанса за имунизација, а со цел да има правична распредеделба на вакцините на секаде во светот, истакна министерот Филипче.
Тој појасни дека сега се посветени што побрзо да почне процесот на имунизација.
-Вакцинацијата ќе започне во среда. Први за вакцинација ќе бидат 20.000 луѓе кои што веќе се пријавени, над 75 години со хронични болести. Согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција, односно ќе се вакцинираат во вакциналните пунктови, истакна Филипче.