601
Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека согласно Уредбата со законска сила, породилното отсуство, на оние на кои им завршило, продолжува да важи до завршување на времените мерки.
-Породилното отсуство продолжува да важи до завршувањето на времените мерки за справување со вирусот COVID-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата. Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата, вели Филипче.