Филипче: Продолжен викенд беше, луѓето секако ќе заминеа

by Frosina Fakova

Ова е продолжен викенд, луѓето секако ќе заминеа во туристичките места, вели министерот Венко Филипче одговорајќи на новинарските прашања дали го процениле ризикот од заминувањето на граѓаните на Скопје во другите места и опасноста од ширење на вирусот на места каде нема заболени.

Филипче вели дека луѓето каде и да заминат треба да се придржуваат кон мерките каде и да се. Вели дека точно се познати кластерите на заразени и дека сите се во самоизолација.

Најмногу заразени, a асимптоматски случаи имало во скопските општини Чаир и Бутел.

 

Поврзани новости