Филипче продава приказни за морал, а во негова надлежност во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче. СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче.

Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, од лековите за Онкологија кои ги продаваа на црниот пазар а на пациентите им даваа физиолошки раствор, од вакцините за корона вирусот и така натаму“ соопштија од партијата.

За време на министерувањето на Филипче со здравство, како што велат, Македонија беше на врвот на европските и светски листи по смртност.

„Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани. Филипче е министер на кого во државна болница, под негова надлежност, во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, а одговорност за тоа како и за сите останати трагични настани, немаше.

Наместо да одговара за сите погоре споменати случаеви, Филипче сега се устоличи во претседател на СДС и продава приказни за морал, играјќи на картата на кратка меморија. Граѓаните паметат и многу добро знаат кој е најодговорен за состојбите во здравството“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости