623
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот настан во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ информираше дека се подготвуваат капацитетите во јавно-здравствените установи за нивно целосно редовно функционирање.
-Се уште добар дел од работата се одвива по системот на пауза-ротација од една до две недели, за да се штеди медицинскиот персонал. Притисокот во болниците попушти, тоа вистински интензивно се избегна и веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат редовните програми. Направени се списоците на пациентите и интервенции коишто беа одложувани, изјави Филипче.
Филипче образложи дека системот Мој Термин за закажување ќе функционира по новиот протокол, што ќе значи дека прегледите ќе се закажуваат на подолг интервал, наместо на 20 до 30 минути, за да се избегнат гужвите во амбулантите.
-Сето ова, планираме да почне од следната недела, исто како и капацитетот на ГОБ „8ми Септември“ којшто е најголем по број на болничките кревети и по бројот на интервенции. Треба добро да се подготвиме и затоа не брзаме, а истовремено го следиме и бројот на пациенти коишто се лекуваат од ковид-19 во болницата „8ми Септември“ и на Клиниката, потенцираше министерот Филипче.