Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека во момементов не се користи максималниот капацитет за вакцинирање. Тоа ќе се случи кога при крајот на овој месец ќе пристигне поголема количина вакцини.
-Ова сега не е нашиот максимален капацитет за вакцинирање. Тоа што ќе ја смени сликата за динамиката се две работи: пристигнување на 200.000 дози од кинеската вакцина околу 28ми април. Капацитетот е околу 10.000 на ден, без спортските сали кои ги спремаме во Куманово, Штип, Кавадрци, Тетово, Охрид и Битола. Таму на повеќе пунктови ќе може да се вакцинира поголема бројка. Ситуацијата сега се смирува, епидемиолошката крива се исправува. Спласнува и притисокот врз болниците. Но, веќе има голема бројка на хоспитализирани пациенти за чија состојба влошување може да настане подоцна. Очекуваме и бројот на смртни случаи да се намалува. Тоа го покажуваат индикаторите. Ако продолжат овие индикатори веќе ќе може дел од капацитетите на угостителските објекти да се отворат и да се намали полицискиот час, најави Филипче.