332
Во тек се и преговори со кредиторите за изградба на новиот Клинички центар и наскоро ќе се знае од каде ќе се обезбедат пари, откри денеска во Штип министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој е дециден дека старата локација не нуди современ Клинички центар за пациентите, бидејќи има седум стари згради, кои не се влезени во план за реконструкција.
Со мало задоцнување течe и изградбата на новата штипска Клиничка болница, причина се временските услови, но Филипче очекува до крајот на годината да биде во една понапредна фаза.