Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави анализа која покажува дека во последните две недели е намален процентот на болни од коронавирусот кои се хоспитализирани.
![](https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2020/07/filipche-foto.jpg)
-Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2 отсто, односно од 11,5 проценти на 15 јули на 9,7 проценти на 23 јули“, напиша Филипче.
Според министерот за здравство, за време на целата епидемија, највисокиот процент на болни кои завршиле во болница е 12 лица на секои 100 заразени.
-Во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12 проценти. Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен!, напиша Филипче.