68
Поранешниот министер за здравство – Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Актуелниот пратеник на СДСМ за тв24 ја најавил својата кандидатура.
„Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ“ – изјавил Филипче.
Тој е третиот кандидат за лидер на СДСМ откако својата кандидатура досега ја најавија поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ – Јован Деспотовски.
Како опција за претседателската фотелја во СДСМ се споменува и името на Стефан Богоев.
Инаку, Филипче беше носител на СДСМ во ИЕ4 и тој важи за човек од доверба на Зоран Заев.