7
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека СДСМ е подговен за предвремени парламентарни избори.
„Тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само три месеци по формирањето, покажува дека на Владата навистина не и оди. Теренската анкета покажува дека над 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Што се однесува до СДСМ, ние сме подготвени да одиме на било какви избори, од денеска па натаму“, рече Филипче.
Во четвртокот на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски го повика Венко Филипче на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.