Почитувањето на трите мерки, заштита на лицето, физичката дистанца и миењето раце, е единствениот начин да ги заштитиме нашето и здравјето на најблиските, порачува министерот за здравство, Венко Филипче.
-Апелирам сите да ги почитуваме овие три правила за да можеме да ја надминеме оваа состојба, оваа здравствена криза предизвикана од ковид-19. Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме“, порачува тој.
Мерките за заштита предвидуваат дека при секое излегување надвор, треба да држиме растојание без разлика дали сме во затворени или отворени јавни простори. Во сите простории задолжително е носењето маска, марама или шал, како и надвор на оние места каде не сме во можност да одржуваме дистанца од 2 метра. Да не се групираме повеќе од две лица, во што не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица.